Велешанка на 62-годишна возраст почина од коронавирус денеска околу 13 часот на инфективното одделение во велешката болница, потврди за Батали.нет портпаролот на болницата др. Весна Николовска Неделкова. Починатата велешанка е седумнаесеттата жртва на вирусот во Велес од почетокот на пандемијата.
На инфективното одделение во велешката болница секојдневно се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти и се приближува кон максималниот капацитет. Денеска таму се лекуваат 41 пациент, од кои 38 се по потврден позитивен тест, а тројца се водат како сомнителни случаи. Од нив, 12 пациент имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка. Од болницата информираат дека во текот на денот четворица пациенти ќе бидат испишани како оздравени.
Во моментов во Велес има 99 активни случаи на ковид-19 што изнесува 1,8 проценти од вкупните активни случаи во земјава.
Можеби ќе ве интересира: