Велешанката Даниела Теова доби покана да настапи во славниот Карнеги хол во Њујорк

daniela teova

Младата 10-годишна пијанистка од Велес Даниела Теова доби несекојдневна покана – да настапи во славниот Карнеги Хол во Њујорк. Ова следува откако таа се здоби со оценка „Лауреат“ на меѓународниот онлајн натпревар за млади пијанисти, кој се одржа во организација на Министерството за култура на Русија, Конзерваториумот Чајковски и њујоршкиот Карнеги Хол.

Zito akcija 640x289px

На натпреварот учествуваа пијанисти од целиот свет, а покрај одличните критики на врвни професори и уметници и оценката „Лауреат“, Даниела Теова доби покана во јуни идната година да настапи во еден од најпрестижните центри во светот Карнеги Хол во Њујорк.

Agria
Image may contain: Наталья Перцова-Теова

Дебито на Даниела Теова на овој престижен натпревар и објавата на постигнатите резултати ги поттикна младите македонски пијанисти да учествуваат на натпреварот и да се здобијат со искуства кои се од огромно значење за еден млад пијанист.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: