Велешанката Климентина Војдиновска е нов светски судија во кати и кумите

Klimentina Vojdinovska

Климентина Војдиновска од Карате клубот „Гладијатор“ Велес, од денес е носител на Светска лиценца во ката и кумите. Полагањето се одржи на премиер лигата во Рабат, Мароко, а Климентина беше избрана од страна на комисијата во најдобрите тројца кандидати на полагањето за светски лиценци од вкупно 150 кандидати.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За потсетување, Климентина беше долгогодишен репрезентативец на Македонија во кумите, а во моментов освен што е светски судија е и тренер во матичниот клуб.

Agria

Содржината продолжува под рекламата

Македонската карате федерцаија во делот на судискиот кадар си ја зацврстува позицијата и во европски и во светски рамки, бидејќи со највиски звања се Ивана Аврамова, Боби Војдиновски, Раде Стефановски, Валентина Пурдеска и Игор Лазарев, а со новата лиценца на Климентина Македонија веќе има шест светски судии во карате, што доволно зборува за квалитетот на македонските судии, а со тоа и на македонското карате.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: