Велешката кајакарка Марија Пановска настапи како тест возач пред трките, како дел од македонската репрезентација на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, кој се одржа на Спортскиот комплекс Матка, Скопје.
Пановска, која е член на ККК ” Гемиџии 903″ од Велес, со својот настап уште еднаш го потврди потенцијалот и посветеноста на младите македонски спортисти. Со храброст и спортски дух, таа успешно беше дел од нашата држава на една од најзначајните спортски манифестации за млади во Европа.
Настанот на Матка привлече млади спортисти од цела Европа, а настапот на Пановска беше од големо значење за промоцијата на македонскиот кајакарски спорт на меѓународна сцена.