Велешката компанија БРАКО ги обучува своите клиенти за користење на возилата за хигиена

Возилата на БРАКО за одржување на хигиена во урбани средини се предаваат на нивните корисници преку извршување обука за користење, особено доколку станува збор за клиент кој за првпат набавува машина за чистење. Обуката ја спроведуваат лица од фирмите – ќерки на БРАКО низ целиот свет, како и нивните застапници.

Zito akcija 640x289px


Текстот продолжува под рекламата

Agria

На фотографиите и снимката се прикажани возила испорачани во Калифорнија, САД, каде од страна на претставниците на фирмата на БРАКО во Сан Диего се обучува лицето кое ќе работи со возилото.

Обуката се одржува на лице место на теренот каде возилото треба да ја одржува хигиената во иднина и на корисникот во директна комуникација му се пренесуваат можностите на машината и начините за нејзина најоптимална употреба.

Возилата на БРАКО во САД се се` повеќе барани за одржување на хигиена на градските улици, во кругот на студентски кампуси, во приватни станбени комплекси од затворен тип и други места каде се бара брза, ефикасна и незагадувачка технологија за одржување на урбаната хигиена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: