Велешката полиција приведе скопјанка која се однесувала агресивно пред домот на нејзината мајка

policija Veles

На 23.09.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода
С.С.(31) од Скопје затоа што агресивно се однесувала и ја вознемирувала нејзината 60 –
годишна мајка пред домот каде што живее, информираа од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На тој начин таа не го почитувала судското решение за забрана каква било комунукација, вознемирување и доближување до домот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

С.С. била задржана во полициска станица, известени биле јавен обвинител, Центарот за
социјални работи Велес и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена
соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: