22-годишен жител на неготинско село синоќа ја истепал својата две години помлада сопруга. Таа го пријавила во полиција, по што мажот е уапсен, јави полицијата.
„На 16.09.2020 околу 18.00 часот во СВР Велес, 20-годишна жена од неготинско село пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од сопругот М.Д.(22)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
М.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: