Во конкуренција од 108 кајакари, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов го освоија првото и второто место во генералниот пласман во јуниорска конкуренција на Европскиот куп во кајак-спуст. Во генералниот пласман Кристијан Лазаров освои 273 бода, а второпласираниот Благој Гугинов освои 253 бода. Кристијан Лазаров ја одбрани титулата од минатата година.
Во сениорска конкуренција на Европскиот куп во кајак-спуст , Љубомир Спасиќ го освои четвртото место во генералниот пласман, заостанувајкќи зад водечкиот Алекс Шепи од Велика Британија 68 бода, додека Александар Златаров го освои 22 место.
Ангел Бонџов, исто така член на ККК Арка – Борец од Велес го освои 69 место во јуниорска конкуренција во категорија К1 . Европскиот куп се одржувааше на пет различни локации и држави ,Франција, Германија, Велика Британија, Австрија и Босна и Херцеговина a земаа учество 162 кајакари во сениорска и 108 кајакари во јуниорска категорија.