Со многу проблеми со бројот на екипите, стартуваше новата сезона во Првата ракометна лига. 17 екипи поделени во две групи, ќе се борат за двата суперлигашки билети за следната сезона. И двата велешки клуба кои се натпреваруваат во Првата ракометна лига загубија на домашен терен.
По серијата „играм – неиграм“, ракометарите на Борец ја пречекаа екипата на Преспа од Ресен, која исто така имаше проблеми околу учество во Првата ракометна лига. Гостите од Ресен беа поумешни на теренот и победија со 23:31. Најефикасен кај велешани беше Гугуталиев со шест погодоци.
Содржината продолжува под рекламата
Ракометарите на Текстилец од Штип во неизвесен натпревар до самиот крај успеаја да триумфираат против дебитантот во натпреварувањето екипата на Бисинов со резултат 29:28, и покрај тоа што домаќините имаа гол предност на три минути пред крајот на натпреварот. Најефикасни кај домашните беа Давид Славевски со шест и Александар Ристовски со пет погодоци.
Можеби ќе ве интересира: