Левиот бек од Металург РА, Лазар Стојанов, кој во минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Првата лига и средниот бек Илија Димов се нови играчи на Ракометниот клуб Драчево.
Текстот продолжува под рекламата
И двајцата потекнуваат од ракометната школа на Борец, а досега Стојанов играше и за Вардар Неготино и Металург РА, додека Димов беше член и на Работнички.
Текстот продолжува под рекламата
Ракометарите на Драчево есенскиот дел од прволигашкото друштво го завршија на првата позиција на табелата во групата Б, и во плеј-оф фазата, каде што ќе се бори за пласман во македонската елита.
Можеби ќе ве интересира: