Велешкото училиште „Блаже Конески“ ќе добие нов покрив, подарок од Јапонија

Велешкото основно училиште „Блаже Конески“ ќе добие нов покрив, откако доби грант во висина од 71 илјади евра од Амбасадата на Јапонија во земјава. Договорот за грантот беше потпишан, откако амбасадорот Хиронори Савада дојде лично во Велес и се сретна со градоначалникот Марко Колев и директорот на „Блаже Конески“ Јованче Манасков, а потоа го посети и училиштето.

Zito akcija 640x289px

„Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност е еден од столбовите за соработка со претставниците на земјава. Преку него годинава ќе бидат поддржани 13 проекти, во вкупна вредност од  825 илјади евра“, рече амбасадорот Савада.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Реконструкцијата на покривот треба да се изврши во текот на летниот распуст, за да не се влијае на текот на наставата. Директорот Манасков соопшти дека во училиштето веќе се заменети 22 прозорци на училници од одделенска настава и се отворени 11 нови влезови, за училниците, во кои учениците можат да влегуваат директно, без контакти и групирање со други деца. Исто така, променет е и системот за топловодно греење и котелот, со што училиштето, отворено пред 40 години, доби подобри услови за следење на наставата.

Содржината продолжува под рекламата

„Со јапонскиот грант ќе се реконструира покривот во ламелите каде учат ученици од одделенска и предметна настава. Реконструкцијата на покривот на училиштето ќе ги подобри физичките услови за реализирање на воспитно-образовниот процес. Нашите ученици и наставници ќе бидат посреќни, позадоволни и помотивирани за постигнување на нови успеси и признанија“, рече Манасков.

No description available.

Ова не е прв јапонски грант за Велес. Болницата доби мамограф, вреден повеќе од 44 илјади евра и дигитален ренген апарат во вредност од 60 илјади евра, а Брзата помош доби две возила за транспорт на пациенти за во вредност од 37 илјади евра. Во три училишта се рехабилитираа заеднички простории, преку проект вреден близу 54 илјади евра, а противпожарната бригада доби на подарок возило за вредно 60 илјади евра.

„Особено сме благодарни за најновата донација со која ќе го реконструираме кровот на основното училиште „Блаже Конески“ во висина од 4.395.975 денари ,со што во голема мера, ќе ги подобриме физичките услови за одвивање на воспитно образовниот процес. Се надевам дека вашата посветеност во подобрување на животот на граѓаните ќе продолжи и во иднина и дека меѓусебната соработка ќе ја зацврстиме со многу други реализирани проекти во Општина Велес. Уште еднаш упатувам најискрена благодарност до јапонскиот народ и јапонската амбасада за оваа несебична пријателска донација и соработка“, рече Марко Колев, градоначалник на Велес.

Облечени во јапонска традиционална облека, ученици од основното училиште „Блаже Конески“ го пречекаа јапонскиот амбасадор и му посакаа добредојде.

Во основното училиште „Блаже Конески“ учат 1127 ученици. Откако ќе се реконструира покривот, ќе се смени и подот во ламелите 2 и 4, во кои учениците посетуваат целодневна настава. Овој проект ќе чини нешто над 100 илјади евра, а обезбедени се од буџетот на училиштето.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: