Велешкото училиште „Васил Главинов“ промовираше сензорна соба за деца со попречености

Алармантно се зголемува бројот на деца со аутизам во Велес, но често ова нарушување се открива доцна, откако децата ќе тргнат на училиште. Стручните лица од оваа област предупредуваат дека родителите мораат да обрнат поголемо внимание на здравјето на своите деца, за да не се изгубат драгоцени години за дефектолошко-логопедски третмани.

Zito akcija 640x289px

„И најмалиот проблем доколку го забележат, дека во развојот нешто не оди во правилна линија, родителите да се обратат до стручно лице, дефектолог или логопед и да побараат стручна помош. Да не чекаат со самото запишување во прво одделение на нивното дете, да се започне со одредени третмани, затоа што раната интервенција, раната рехабилитација игра клучна и значајна улога во понатамошниот напредок кај овие деца“, рече Сања Ѓорѓиевска, специјален едукатор во ООУ „Васил Главинов“ од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во ова училиште денеска е промовирана првата сензорна соба за ученици од основното образование, кои имаат попречености во развојот. Во неа, стручните лица од училиштето на соодветен начин ќе ги стимулираат сетилата на овие ученици, во зависност од сензорниот профил кој е потребен за одреден ученик.

Содржината продолжува под рекламата

„Васил Главинов останува водечко училиште во инклузијата во Општина Велес и со ова само уште повеќе ги подобруваме условите за децата кои што ни се најранлива категорија во општеството – децата со попречености“, рече Сашко Чоков, директор на ООУ „Васил Главинов“ од Велес.

Родителите чии деца имаат разни попречености го бираат ова училиште, оти веќе неколку години е опремено со пристапни рампи, лифт, адаптирани тоалети, но и училница за индивидуална работа со овие ученици. Во овој момент тука учат 15 деца со попречености, од кои повеќето се со аутистичен спектар на нарушување. За опремување на сензорната соба, училиштето доби донација од Евангелската црква.

„Материјалната вредност може да се стави на лист хартија, но вредноста на пожртвуваноста, на заедничките услилби и заедничката желбада ова нешто биде вистински благослов на тие дечиња, не може да се опише и не може да се стави на лист хартија“, рече пастор Филип Иванов од Евангелска црква.

May be an image of 7 people, people standing and indoor

Иако во последните години Велес реализираше неколку проекти на полето на инклузивноста на лицата со попречености, сепак градоначалникот Марко Колев вели дека свеста за олеснување на животот на оваа категорија луѓе мора да расте.

„Не е само да имаме убава фасада, да изгледа школото убаво, да имаме убав покрив, тоа е се ОК, но и движењето, бариерите мораме да ги тргаме заради тоа што родителите на тие дечиња и дечињата се најголеми жртви, ако нема соодветни услови“, рече Марко Колев, градоначалник на Велес.

Со правилна работа, но и со помош на опремата која училиштето ја инсталира, резултатите кај децата со попречености се големи. Но, најважно е да се превенира, со тоа што родителите ќе стимулираат детски игри, наместо користење мобилни телефони и компјутери, велат стручните лица.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27166/zheleznichkiot-soobrakaj-povtorno-vo-prekin/