Велигденските празници донесоа и повисоки цени

Порастот на цените ќе ги остави полупразни трпезите за велигденските празници. Нови цени имаат имаат лебот, шеќерот, овошјето и зеленчукот. Додека ние секој ден чекаме „ковид статистика“ цените тивко и пред нос ни се зголемија, се жалат граѓаните.

Zito akcija 640x289px

За дел од продавачите на зелените пазари цените се исти, има само благо покачување поради временските услови, но продажбата оди добро.

Agria

Според синдикалната кошница, две минимални плати не се доволни да ги задоволат основните потреби на едно семејство. Дури 42 % одат за храна и пијалаци, а процентот расте од месец во месец.

Храната е се поскапа и во светот. Според ФАО цените на најтргуваните производи непрекинато се зголемуваат во последниве десет месеци. Најголем раст имаат растителните масла, тие се највиско ниво во последниве десет години. Тоа не се добри вести за над 18.000 работници во државата што останаа без работа во пандемијата, за пензионерите и лицата во социјален ризик каде секој денар зголемување најсилно се чувствува. 

Можеби ќе ве интерсира:

https://batali.net/20266/po-40-dena-zavrshi-eksperimentot-na-15-dobrovolczi-koi-bea-zatvoreni-vo-peshtera/