Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Ова денес го порача Министерот за здравство Венко Филипче.
„Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. Има многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот“, објави тој на социјалните мрежи.
Тој рече дека од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум.
„Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет. Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците. Ви благодарам“, истакна министерот.
Коронавирусот зема уште две жртви во велешката болница. Починат е маж на 74 годишна возраст од Велес, лекуван четири дена на инфективното одделение, и жена на 70 годишна возраст од Св.Николе позитивена лекуван во Модуларната болница четири дена.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 83. Од нив, 65 имаат потврдени позитивни тестови, два пациенти се сомнителни на вирусот, и 16 имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
Можеби ќе ве интересира: