На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминира деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од СДСМ.
Блокадите на Законот за наставниците и стручните соработници во основното и средното образование денеска, додаваат од партијата на власт, се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не, пак, тие да бидат донесени. Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ“, е потенцирано во реакцијата од оваа партија.
Од СДСМ појаснуваат дека со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување.
„Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокира и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието. Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за наставниците, денеска на виделина уште еднаш излезе нивното лицемерство, нивната насилничка матрица и деструктивното дејствување. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против наставниците во основното и средното образование, па не избира средства да го спречи покачувањето на нивните плати? На ВМРО-ДПМНЕ не ѝ се важни ниту граѓаните ниту ѝ е важно образованието, важни ѝ се само личните и партиските интереси“, е истакнато во писмената реакција од владејачката партија.
Можеби ќе ве интересира: