(ВИДЕО) Ивица Илиев: Велешката публика заслужува да гледа квалитетен ракомет

Капитенот на велешкиот дебитант во ракометната Супер лига Фруитленд Борец, Ивица Илиев го најави стартот на официјалниот дел од сезоната. Во новата сезона тој ќе има двојна улога, бидејќи ќе биде и тренер на екипата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Бaтали.нет: Илиев, имате големо суперлигашко искуство, но веруваме дека оваа сезона е посебна за вас, бидејќи ќе играте пред своите сограѓани, со еден проект во кој и вие дирекно учествувавте.

Ивица Илиев: На наше огромно задоволство, повторно велешани ќе бидат сведоци на највалитетното ракометно првенство, Супер лигата, и еве апел до нив да дојдат да не бодрат во што поголем број. Да бидат со нас во наредниот период, затоа што како што е оваа година квалитетна Супер лигата, никогаш до сега не била, во скратен состав од 12 екипи, каде што сите се екстра квалитетни, некои од нив се натпреваруваат во Лигата на шампиони, Лигата на европа, за среќа првиот натпревар на домашен терен го играме против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и очекувам голема подршка од нашите навивачи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Бaтали.нет: Сеуште трае преодниот рок, костурот на екипата горе доле се знае. Дали сте задоволен како поминавте во преодниот рок, од засилувањата кои пристигнаа во клубот, и каде планирате уште да се засилите?

Ивица Илиев: Ние овој трансфер период се засиливме со четири нови играчи а го задржавме поголемиот дел од екипата од минатат сезона. Новите играчи се претежно велешани, само еден играч е од Скопје. Целта на овој проект е да ги вратиме нашите велешки играчи, оние кои можевме, на оние кои им беа поминати договорите. Нови играчи на Фуитленд Борец се Тоше Ончев, Зоран Стојановски, Мартин Димов и Марко Трајковски. Екипата од прилика ќе биде тој за оваа сезона, бидејќи поради турбуленциите, нашиот спонзор остана сам и се надеваме дека од наредната полусезона ќе донесеме уште едно квалитетно засилување на пзицијата десен бек, каде што мислам дека сме и најтанки во моментов.

Бaтали.нет: Оваа сезона се игра четирикружен систем на натпреварување, односно двокружен систем по што се оформува плеј оф и плеј аут. Дали сметате дека можеше да се сизбера малку поинаков модел на натпреварување бидејќи според многу ракометни работници, во ваков систем екипите за првиот дел не се засилуваат онолку колку за оној втор дел?

Ивица Илиев: И јас сум на мислење дека системот не е баш добро направен, поради тоа што од првиот дел се пренесуваат малку бодови, или со само една победа може да се стигне разликата помеѓу екипите. На полусезона голем дел од екипите носат по неколку странски засилувања и некој и да бил последен ќе обезбеди опстанок, како што беше примерот со Куманово во ланската сезона. Нашиот клуб не оди на таа варијанта, одиме пред се екипата добро да се воигра и со едно до две засилувања во вториот дел да обезбеди опстанок во дебитантската сезона.

Бaтали.нет: Значи целта опстанокот оваа сезона. Од лигата испаѓа само една екипа, додека претпоследната екипа ќе игра бараж со второпласираниот тим од Првата лига. Каде ја гледате вашата шанса?

Ивица Илиев: Јас ќе бидам задоволен оваа сезона да го бркаме тоа 10 место кое обезбедува сигурен опстанок во лигата. Овој проект е предвиден на подолги стази, не е инстант проект па да се испукаме уште првата година, туку пред се да одиме чекор по чекор, да ги вратиме велешани во сала. Знам дека велешката јавност е желна за квалитетен ракомет, но да одиме чекор по чекор.

https://www.youtube.com/watch?v=PfBaN7dG8G8

Можеби ќе ве интересира: