Фудбалерите на Борец 1919 ремизираа со Арсими 3:3, полувреме 1:2, на првиот контролен натпревар пред стартот на пролетниот дел. Иако без неколку стандардни првотимци, велешани одиграа одличен натпревар, а доколку беше поприсебен Ристовски во финишот на натпреварот можеа и да победат.
Резултатот го отвори новото засилување Хајдари во 26 минута, а Хасна со одличен гол од далечина зголеми на 2:0 во 39 минута. По една несигурна интервенција на новото засилување на голот Андов, Арсими преку Цуцли намали на 1:2. На почетокот на вториот дел домаќините дојдоа до пресврт а стрелци на головите беаТаипи во 48 минута и Белули во 51 минута од натпреварот. Конечниот резултат го постави Стефан Ристовски во 78 минута по одличната асистенција на Флорент Османи.
Велешани ги чека тешка пролет да обезбедат опстанок во Втората фудбалска лига. По 15 одиграни кола се наоѓаат на 15 место со само 5 освоени бода. Следен контролен натпревар за Борец 1919 е во сабота со екипата на Тетекс.