Екипата на Борец 1919 продолжува со одличната форма и запиша уште една убедлива победа, совладувајќи го тимот на Венец со 4:0 на домашен терен, во натпревар од петото коло. На полувреме резултатот беше 1:0.
Серија на голови ја отвори Милан Чичевски уште во 13. минута, кога ја затресе мрежата на гостите и донесе водство за велешани. Сепак, составот на Венец покажа стабилност во играта и до 61. минута одолеваше на нападите на Борец.
Но, во следните 12 минути уследи потполна доминација на домашните. Чичевски повторно се запиша во листата на стрелци во 61. минута, а веднаш по него, Илхан Имеров во 70 минута и Теодор Мирчевскиво 73 минута го поставија конечниот резултат, 4:0.
Со оваа победа, Борец 1919 останува на врвот на табелата со 12 бодa од пет натпревари. Во следното коло, велешани ќе гостуваат кај амбициозната екипа на Ултрас во Прилеп, која во ова коло ја декласираше Тополка со убедливи 0:6 на гостински терен.