(ВИДЕО) Борец го победи Кадино во третиот контролен натпревар

Во третиот контролен натпревар зимава, Борец на својот стадион во Велес го совлада второлигашот Кадино со 3:2. Тренерот на велешани Горазд Михаилов на оваа средба направи неколку измени во почетниот состав, во споредба со натпреварот со Работнички пред три дена. Овој пат од првата минута на голот беше новиот голман Силјаноски, во одбраната мечот го почна Никола Ристески, во средниот ред новајлијата Лука Трајковски и во напрадот покрај Прелчец играше младиот Ибрахимовиќ.

Zito akcija 640x289px

Сепак, натпреварот почна шокантно за Борец, кога уште во првата минута Ивановски со прекрасен гол го доведе Кадино во водство. Но, работите брзо дојдоа на свое место, кога со три голови Борец направи комплетен пресврт. Прво Прелчец во 10 минута срелаше за израмнување, шест минути подоцна одличниот Никола Ристески со гол од огромна далечина го доведе Борец во водство од 2:1, а со дебитантскиот гол на новото засилување Лука Трајковски во 24 минута, велешани поведоа со 3:1. Конечниот резултат од 3:2 го постави Рамиќ во 53 минута, кога погоди за скопскиот второлигаш, чиј тренер е познатиот Никола Илиевски – Џиџи.

Agria

Овој натпревар Борец го почна во состав Силјановски – Стојменовски, Стојчевски, Н. Ристески – Ефтимов, Коцев, Трајков, Ф. Ристовски – Трајковски, Ибрахимовиќ, Прелчец, а во игра влегоа уште Георгиевски, Борха, Стојчевски, Т. Георгиевски, Гаштев, Чичевски, Силва, Мишков, Ѓорѓиев.

И Борец и Кадино се подготвуваат за продолжување на првенството во првата односно втората лига, кое продолжува на 14 февруари. Тогаш велешкиот прволигаш на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ ќе го пречека есендкиот вице првак Шкупи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: