Екипата на Превалец успеа да забележи победа против Слога од Лажани со 6:1, полувреме 3:1, и со тоа да ја продолжи битката за врвот. Гостите иако поведоа уште на стартот на натпреварот, во Лажани беа испратени со шест гола во мрежата.
Содржината продолжува под рекламата
Борец исто така ја наполни мрежата на Ултрас. Да беа поприсебни напаѓачите на домашниот тим, прилепчани ќе си заминеа дома со двоцифрен број на голови во својата мрежа.
Содржината продолжува под рекламата
На едно коло до крајот од есенскиот дел , Големо Коњари е на врвот на табелата со 24 бода, зад него се Превалец со 23 бода и Борец со 20 бода. Во последното есенско коло, Борец гостува во Градско кај екипата на Локомотив, Превалец гостува во Росоман додека Големо Коњари гостува во Лажани кај екипата на Слога.
Можеби ќе ве интересира: