Фудбалерите на Борец ја забележаа втората победа во низа во Третата фудбалска лига – Југ. На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, велешани ја совладаа екипата на Марена со резултат 3:0, полувреме 0:0.
Содржината продолжува под рекламата
Екипата на Марена не беше достоен противник за младите фудбалери на Борец. Дојдоа во Велес со цел да се бранат, и тоа им успе во првото полувреме. Сепак велешани го скршија отпорот на самиот старт од вториот дел. Во 48 минута по еден удар на Александар Пановски, топката влезе во мрежата за водство на Борец.
Содржината продолжува под рекламата
Добрата игра на велешани во вториот дел беше крунисана со голот на Тале Трајков, а конечниот резултат го постави Чичевски од пенал. Останатите натпревари од ова коло ќе се одиграат денес со почеток од 13 часот.
Можеби ќе ве интересира: