(ВИДЕО) Борец загуби од ЦСКА 1948 Софија на подготовките во Анталија

Уште еден пораз забележаа фудбалерите на Борец на подготовките во Анталија. Бугарскиот прволигаш ЦСКА 1948 го доби натпреварот со 4:3, но неверојатно е тоа што сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Zito akcija 640x289px

Борец во седмата минута веќе водеше со 2:0 со головите на Ѓорѓевиќ и Мамадзаде, новиот напаѓач кој дојде од Азербејџан. Во 17.минута резултатот гласеше 2:2, но Ѓорѓиев две минути подоцна одново носи водство на нашиот тим, за да во финишот на првото полувреме тимот од Софија постигна два гола за конечни 4:3.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во пролетниот дел од сезоната Борец ќе има тешка задача да избори опстанок во ПМФЛ, затоа што по 18. кола е на 11. место, со 12 освоени бода. Во првото коло по паузата велешани ќе се сретнат со Скопје, натпревар кој е закажан за на 13 февруари.

Погледнете ги пододоците на велешани од натпреварот со ЦСКА 1948 Софија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27112/vremenska-prognoza-107/