Еден од најстандардните играчи на Борец сезонава даде свое видување пред бараж. натпреварот со Влазерими. Тој истакна дека кичевчани според резултатите не треба да се потценат, но амбициите на Борец е влез во повисок ранг на натпреварување.
Текстот продолжува под рекламата
„Уште од стартот на сезоната целта ни беше да го освоиме првото место кое обезбедува пласман во баражот. Таа цел ја исполнивме. Што се однесува до екипата на Влазерими, немаме некои информации, но станува збор за сериозна екипа во која настапуваат неколку играчи со прволигашко и второлигашко искуство, и имаме респект за нив гледајќи ја табелата во таа лига, бидејќи се без пораз. Нашите амбиции се јасни, да обезбедиме бараж, а потоа и да го добиеме тоа финале за нас, и да се вратиме таму кае што и припаѓаме. Ги повикувам сите симпатизери на клубот, секако и Гемиџиите како и целата македонска спортска јавност, да дојдат во што поголем број во Битола да не бодрат, да ни дадат подршка која силно ќе ни треба, и сите заедно да се радуваме потоа“, изјави Милан Чичевски од ФК Борец 1919 АД.
Текстот продолжува под рекламата
Натпреварот против екипата на Влазерими од Кичево ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 17 часот. Од клубот обезбедија организиран превоз за навивачите и симпатизерите на клубот.
Можеби ќе ве интересира: