(Видео) Д-р Беќаровски: Прашање на ден е кога новата мутација на ковид-19 ќе стаса и кај нас

koronavirus 02.04.2020
koronavirus 02.04.2020

Ова не е официјално прва докажана мутација на ковид-19. Претходно имаше една таква врзана со Каталонија, па со Данска, така што ова е трета. За среќа претходните мутации покажаа дека се слични по карактеристиките со оригиналниот вирус.

Zito akcija 640x289px

За последнава се смета дека има многу поголема контагиозност односно дека може во исто време да зарази поголем број на население. Се надевам дека процентите нема да се остварат, бидејќи уште еден нов бран навистина би бил премногу, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Нико Беќаровски.

Agria

Факт е дека се уште нема јасна слика околу основниот вирус. Но, кога се прават вакцините тие генерално се прават да бидат групно специфични, да ја зафатат целата палета, така што искрено се надевам дека ќе делува на оваа мутација, инаку алтернативата би била минимум уште година дена да бидеме во вакви услови,вели Беќаровски и додава дека мутациите не се стриктно врзани за одреден регион.

„Секој вирус има тенденција да мутира. Грипот секоја година има разични мутации и не е нешто невообичаено или неочекувано. Оваа мутација не е останата само на британско тло. Има докажани слуаи и во Холандија. Голем дел од нашите иселеници доаѓаат во земјава за претстојните празници, значи прашање на ден е кога оваа мутација ќе стаса и кај нас“, смета Беќаровски и додава дека мора да се размислува или за воведување на ПЦР тест или пак пет до десет дневен карантин на сите што доаѓаат.

Околу вакцинацијата д-р Беќаровски вели дека главен проблем ќе биде да се убеди населението да се вакцинира.

„Имаме голем дел од население кое не верува дека постои болеста, голем дел кој тврди дека се работи за труење и за жал голем број на луѓе кои мислат дека вакцинацијата е начин за да не чипираат“, вели тој.

Извор: libertas

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: