Детската градинка ,,Димче Мирчев” од Велес со завршна приредба испрати уште една генерација во прво одделение. Идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, со песна и игра се поздравија со своите воспитувачки, но и пред своите родители, баби, дедовци.
Со прекрасна сценографија и костимографија дечињата ја поведоа многубројната публика низ чудесно музичко патување, со што изнудија големи аплаузи од публиката.
Овој настан беше исполнет со емоции – радост, надеж, но и трошка тага за напуштањето на познатото.
Да им посакаме светла иднина, успешни почетоци и да им се радуваме на сите нивни успеси кои ги носи новиот пат.
По тој повод, батали. нет изработи едно видео за дечињата од Објект 6 “Ѕвончица”.
Можеби ќе ве интересира: