Петар и Марко се деца кои живеат во населба Тунел, во зградите на излезот кон населба Превалец. Тие преку социјалните мрежи се обратија до градските власти со молба да им постават конструкции за кош и стативи на бетонираната плоча пред нивните згради.
„Ние имаме тука плоча на која играме, но сакаме да добиеме мрежа, да не ни испаѓа топката и голови и кошови“, вели Петар.
Неговиот другар Марко вели дека во зградите живеат околу 500 до 600 луѓе.
Најинтересно од се е тоа што децата сами го чистат игралиштето. Сепак, преку видеото побараа помош од Јавното комунално претпријатие „Дервен“, да им помогнат и да ги исчистат гранките кои често паѓале на игралиштето, па тие не можеле да играат.
Децата ветуваат дека сами ќе се грижат за хигиената на игралиштето, на кое ќе настапува нивната екипа, на која и дале име „Спортски Велес“. На потег се градските власти.
Погледнете го видеото: