Бев пресреќен што учествував во проектот „Ќе мине сè“, а тоа го почувствував и кај останатите учесници, вели велешанецот Дејан Попов, во интервју за Сител телевизија, која посвети осумминутно видео за овој проект, во продукција на Батали.нет. Попов е еден од изведувачите на песната, со која Велес, среде светска пандемија на коронавирус, му испрати охрабрувачка порака на светот.
„Не се сеќавам на сличен проект, кога двоцифрен број таленти од Велес имале прилика да придонесат кон будењето на свеста на народот“, вели Попов.
Погледнете го целиот видео материјал и интервју на Дејан Попов за проектот и песната „Ќе мине сè“, објавен на Сител телевизија.