(ВИДЕО) Ден по несреќата меѓу воз и минибус кај поранешна Порцеланка

Само двајца од дванаесетте повредени во вчерашната несреќа помеѓу железничка машина и минибус кај Велес се задржани во болница, но и тие се чувствуваат добро. Останатите десетмина денеска се пуштени на домашно лекување.

Zito akcija 640x289px

Овој инцидент повторно го отвори прашањето за тоа колку се безбедни железничките премини, на кои има само знаци. Преминот кај поранешната фабрика Порцеланка е четврти во должина од четири километри на многуфревентнот регионален пат Велес – Чашка и е едиствениот на кој, освен Андреин крст и знак за сопирање, нема звучна или светлосна сигнализација.

Agria

Откако вчера, веднаш по несреќата, градоначалникот на Чашка Горан Стојановски апелираше до Македнски железници да ја подигнат безбедноста на овој премин, денеска добил уверување од раководството дека ќе се санираат сите четири премини. Сепак, тој посочува дека и граѓаните мора да бидат повнимателни при преминувањето.

Од Македонски железници вчера отфрлија вина за несреќата, посочувајќи го непочитувањето на знаците, поставени на преминот. Машиновозачот кој ја управувал дрезината која го удри минибусот, за ТВ 24 вчера сведочеше дека на 200 метри од преминот го забележал возилото како преминува, почнал да сигнализира со сирената, но возачот воопшто не се ни свртел. Истрагата ќе го утврди вновникот.

Она што се знае е дека минибусот бил технички исправен, а кај возачот не е утврдено присуство на алкохол. Пред неполни три години на истиот премин воз удри во автомобил и тешко повреди 19 годишен пожарникар, кој утрото одел на работа во Велес.

Извор на веста: Телевизија 24