(ВИДЕО) Димитковски: Борец ќе игра за гол повеќе

Ljupco Dimitkovski Ganjo

Во пресрет на почетокот на новата фудбалска 2024/2025 сезона, шефот на стручниот штаб на ФК Борец 1919, Љупчо Димитковски ни ги искажа очекувањата за второлигашката сезона.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Батали.нет : Какви се очекувањата од претстојната сезона?
Љупчо Димитковски: По завршетокот на минатата сезона, кога влеговме официјално во Втората македонска фудбалска лига, во договор со управата и луѓето кои го водат клубот, зацртавме една и единствена цел, така да во првата година од влегувањето во Втората лига приоритет да ни биде опстанокот и секое место кое повисоко од средината. Според целите и ги донесовме посакуваните засилувања на одредени позиции во екипата, каде што мислев дека треба да се засилиме. Трансфер периодот сеуште трае и работиме уште на доведување на две до три засилувања. Јас би бил задоволен барем со уште едно две засилувања до крајот на трансфер периодот. Така да очекувањата според играчкиот состав е сигурен опстанок оваа сезона.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Батали.нет : Дали веќе ги имате дефинирано првите 11-мина?
Љупчо Димитковски: Првите 11 можеби не, но имаме една до две дилеми, а тоа ќе го решиме на самиот ден на натпреварот. Како што знаете, натпреварот е презакажан за во вторник, поради техничките проблеми во регистрациите. Девет играчи во првиот состав веќе се наѕираат, за останатите две места ќе одлучиме на денот на натпреварот, затоа што последните десетина дена имавме и неколку играчи се повредија на припремните натпревари.

Батали.нет : Што да очекува публиката, каков фудбал ќе игра Борец оваа сезона?
Љупчо Димитковски: Ние ќе бидеме екипа која ќе игра за гол повеќе. Ќе се стремиме на секој натпревар да го дадеме максимумот, да играме еден фајтерски фудбал. Знаеме дека велешката публика го разбира фудбалот и сака фудбал. Ние ќе пробаме најпрво да ги задоволиме нивните вкусови, со една игра која што пред се ќе биде добра за око, но сепак треба да ни носи и бодови. Ветуваме дека ќе се бориме до последниот атом од силите, дека ќе играме максимално пожртвувано и чесно до последното коло и дека нема да зажалат ако дојдат на стадионот.

Натпреварот против Башкими поради технички причини е презакажан за во вторник 20.8.2024 со почеток од 17 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: