Фудбалерите на Борец ги очекува бараж дуелот против екипата на Влазерими од Кичево за влез во Втората фудбалска лига. Тренерот Љупчо Димитковски – Гањо очекува дека со помош на велешката публика ќе обезбедат пласман во Втората фудбалска лига.
Текстот продолжува под рекламата
„Да се осврнам на натпреварувачката 2023/24 која штотуку заврши регуларниот дел. Основна цел беше освојување на првото место во Третата лига – Југ кое што носи во бараж за влез во Втората фудбалска лига. Што се однесува до натпреварот кој не очекува во сабота во Битола против екипата на Влазерими, ние како екипа влегуваме максимално спремни и мотивирани. Очекуваме голема подршка од градот Велес и од сите навивачи на Борец кои со години го следат овој клуб. Ги поканувам сите искрени навивачи на Борец, во сабота во 17 часот на стадионот во Битола, да дојдат и заедно да славиме пласман во Втората фудбалска лига“, изјави тренерот Љупчо Димитковски – Гањо.
Текстот продолжува под рекламата
Натпреварот против екипата на Влазерими од Кичево ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 17 часот. Се очекува да има и организиран превоз за навивачите и симпатизерите на клубот.
Можеби ќе ве интересира: