Кеги Моби со 9:4 го доби дуелот со Карадаку во натпреварот од 6 коло од Првата футсал лига на Македонија, кој се играше во Штип. За домашниот тим Ѓуров постигна четири погодоци, Левков, Адиловиќ, Ивановски и Николовски по еден гол, додека автогол постигна Шукрија.
Содржината продолжува под рекламата
Кај гостите Мустафи стрелаше два пати во противничката мрежа а Нуредини и Весели постигнаа по еден гол.
По шест одиграни кола Кеги Моби има освоено 12 бода и е при врвот на табелата. Во следното коло велешани гостуваат во Скопје кај екипата на Јувентус Серава.
Можеби ќе ве интересира: