Сите оние кои имале контакти со тројцата заразени велешани со коронавирус да се самоизолираат и да немаат контакти со други луѓе. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче на прашањето од Батали.нет дали сите кои имале контакти со заразените велешани ќе бидат тестирани и зошто на дел од оние кои сами се пријавиле во Центарот за јавно здравје во Велес и кажале дека имале контакти со заразените, им било одговорено дека можно е да не бидат тестирани, доколку немаат симптоми или доколку се помлади.
Тука можете да го погледнете одговорот на министерот за здравство Венко Филипче на нашето прашање: