(Видео) Филипче со критики за Владата: За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена не само што не го исполни ветувањето за раст на платите, туку просечната плата за прв пат после седум години бележи намалување, а не се зголеми ниту минималната плата.

Zito akcija 640x289px

„За прв пат по седум години, платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари. Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместо 12% кои ги планираше СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите“, рече Филипче, и потенцираше дека ваквите политики на актуелната власт целосно ги деградираат работниците и нивните права, ја враќаат политиката на евтина работна сила“, изјави Филипче.

Agria

„На денешната прес-конференција на која беа анализирани политиките на ВМРДО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена од нивното владеење, Филипче потенцираше дека актуелната власт не го заштити ниту животниот стандард на граѓаните, бидејќи со мерките за наводно пониски цени на храната, застана на страната на трговците. Додека платите паѓаат и стандардот се намалува, Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците. Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните“, нагласи Филипче.

Претходно од СДСМ соопштија дека од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро.

„Со Мицкоски и ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата“, соопштија од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира: