(ВИДЕО+ФОТО) Поплавени улици и дуќани, откорнати дрвја од невремето кое утрово го зафати Велес

Улици под вода, која навлегуваше во ниските дуќани, откорнати дрвја и паднати врз улиците, блокиран сообраќај. Ваква е сликата по силниот дожд проследен со силен ветер, кој утрово траеше 15 минути, но остави пустош зад себе. Речиси и да немаше улица во Велес која не беше под вода.

Zito akcija 640x289px

Огромно дрво е паднато во дворот на Гимназијата Кочо Рацин. Ветерот откорна дрво и во близина на поранешен Пензионерски, кое падна преку коловозот, па сообраќајот половина час беше во прекин, по што патот е расчистен.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во близина на салата „Парк спорт“ падна дрво, кое со себе повлече и бандера, па сообраќајот по улицата „Алексо Демниевски Бауман“ беше блокиран извесно време. Дрво е паднато врз коловозот и кај Багремче во Нова населба.

Содржината продолжува под рекламата

Штети има и кај кафе баровите спроти Гимназијата, откако ветерот ги оддува чадорите за сонце. Под вода е и реонот околу градскиот пазар, а вода навлезе и во една од продавниците, која се наоѓа таму.

Огромни реки од вода се слеваат од високите делови на градот кон центарот, кои со себе носат земја, камења и шут.

За сега, нема информации за поплавени домови или повредени граѓани. Според временската прогноза, дождови се најавени до 13 часот, кога треба да следи разведрување.

https://www.facebook.com/Radica.ivanovska/videos/1483967041959059/

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23769/se-voveduva-zadolzhitelna-vakczinaczija-za-javnata-administraczija/