(ВИДЕО+ФОТО) Спасен маж кој тонел во жива кал во кумановско

Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, од околу 04.00 часот па до 07.00 часот утрово беа во спасувачка акција. Итниот случај го пријавил на 112 во ЦУК риболовец, којшто ги слушнал повици за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал, на куѓановскиот потег од реката Пчиња.

Текстот продолжува под рекламата

“Ситуацијата беше опасна, бидејќи полека, како што лицето, возрасен маж, сакало да се самоизвлече се повеќе пропаѓало на местото каде што почвата била, буквално, како маскиран „жив песок“ со исушен слој најгоре, на површината, од топлото време, а надоу како да немало дно”, рече Илија Бојаровски од ЦУК.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Тимот пожарникари брзо и на време стигнал до оддалеченото место од пристапен пат. Лицето било веќе речиси до рамења и врат пропаднато и било снеможено и на крај од неговите сили, заради долготрајното заглавување, при што полека тонело во меката почва. Пожарникарите успеале да го фатат со јажиња од нивната опрема и полека почнале да го извлекуваат, при што било потребно и нивно доизвлекување, бидејќи и тие тонеле полека во меката почва. Еден со друг тимски си помагале, етапа по етапа, од сложеното, а навидум едноставно, извлекување и спасување на заглавеното лице, од опасниот терен.

Agria

Откако пожарникарите го извлекле од длабока тиња и кал, што била буквално како „жив песок“, лицето речиси се онесвестило и го ставиле на специјалната спасителна даска за носење. Додека едни го носеле, други со секири го расчистувале пред нив патот од вегетација и дрвја за да се пробијат до пристапниот пат каде ги чекала Итната медицинска помош. Настраданиот е жив, но многу истоштен и снеможен од долготрајното заглавување. Тој е веќе во болница во Куманово и е надвор од животна опасност.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: