Велешкиот градоначалник Аце Коцевски е во самоизолација откако еден од заразените велешани деновиве бил на преглед кај неговата сопруга, која е матичен лекар. Тој вели дека откако вчера ја слушнал веста, веднаш, на своја иницијатива се ставил во домашна изолација.
Коцевски вели дека и тој и неговата сопруга се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми на болеста. Досега во Велес се регистрирани трројца заболени од коронавирус. Од вчера Центарот за јавно здравје во Велес почна да ги тестира оние кои имале контакт со заразените. Коцевски апелира до неговите сограѓани да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и да не ги осудуваат луѓето, кај кои тестот за КОВИД-19 е позитивен.
Коцевски преку видео врска го координира работењето на општинскиот кризен штаб. Вели дека ако бројот на заболени во Велес расте, ќе побара од државата, Велес да се стави во целосен карантин, како превентива од натамошно ширење на болеста.
Слуштете ја изјавата на градоначалникот Аце Коцевски дадена за Батали.нет: