Нов пораз на фудбалерите на Борец, девети во сезоната. Подобри овојпат во Велес беше битолски Пелистер со 0:4. Со овој пораз велешани остануваат заковани на дното на табелата без ниту еден освоен бод и минус 31 негативна гол разлика.
Гостите поведоа во 11 минута преку Маневски, за да во вториот дел дефинитивно ја осигураат победата. Во 46 минута ефектно стрелаше Мустафов, на 0:3 зголеми Дуков во 56 минута, а конечниот резултат го постави Здравевски во првата минута од продолжението.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани шансата за први бодови во првенството ќе ја бараат одново на свој терен, кога на стадионот „Зоран Паунов“ ќе гостува екипата на Караорман од Струга.
Можеби ќе ве интересира: