(ВИДЕО) Илиев: Нема да биде изненадување доколку победиме во Струга

Велешката ракометна јавност со нетрпение го очекува деби настапот на екипата на Фруитленд Борец во ракометната Супер лига. На стартот од првенството велешани гостуваат во Струга, а тренерот на тимот за Батали.нет даде свое видување за првиот натпревар од првенството.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Батали.нет: Струга е секогаш незгоден противник, дали е скениран противникот и дали сте подготвени за деби натпреварот на Фруитленд Борец во ракометната Супер лига?


Ивица Илиев: Струга секогаш во Супер лигата прикажува добри игри. Минатата година се избори за плеј офот. Реално не можевме доволно да ги скенираме бидејќи на струшкиот турнир се појавија со една екипа, додека после турнирот објавија за неколку странски засилувања кои за нас се непознати. Ние секако ќе ја играме нашата игра, одиме на секој натпревар да гинеме на терен, момците да покажат што знаат а резултатот ќе си дојде сам по себе. Мислам дека Струга не е толку квалитетен противник, не е воигран како нас, бидејќи од почетокот на подготовките ние имаме направено околу 59 тренинга, така да резултатот ќе биде видлив за кратко време.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Батали.нет: Можат ли навивачите на Фруитленд Борец да очекуваат и изненадување на гостувањето во Струга?


Ивица Илиев: За мене не би било изненадување победа против Струга на гостински терен. Јас се подготвувам за тој натпревар и мислам дека нема да биде изненадување доколку победиме во Струга.

Батали.нет: Велиме изненадување бидејќи оваќе биде деби за клубот во ракометната Супер лига. Многу од играчите немаат суперлигашко искуство, и секако можната трема на самите играчи?


Ивица Илиев: Мислам дека иако немаат суперлигашко искуство, играчите ќе се опуштат, тие трнираат напорно, спремни се, така да мислам дека нема да биде изненадување доколку победиме.

Натпреварот во Струга ќе се одигра во спортската сала „Нико Нестор“ со почеток од 16 часот.

Можеби ќе ве интересира: