Илјадници луѓе пристигнуваат на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 95-годишна возраст.
Некои почнаа да пристигнуваат во Ватикан уште во четири часот наутро, пет и пол часа пред почетокот на погребот, кој ќе го води папата Франциско пред базиликата Свети Петар, а повеќе од 120 кардинали, повеќе од 400 бискупи и приближно 4.000 свештеници ќе служат миса пред олтарот.
Pope Emeritus Benedict XVI's coffin is carried to St. Peter’s Square. pic.twitter.com/gLtgjQkt0h
— Vatican News (@VaticanNews) January 5, 2023
Безбедносните проверки почнаа уште пред зори за верниците навреме да го заземат своето место на плоштадот Свети Петар. За обезбедување на настанот повикани се дополнителни илјада италијански полицајци, а од безбедносни причини воздушниот простор над Ватикан ќе биде затворен.
Можеби ќе ве интересира: