(ВИДЕО) Јужнокорејскиот опозициски лидер Ли Џае Мунг повреден во напад со нож

napad na severno korejskiot opozicioner
napad na severno korejskiot opozicioner

Ли Јае-Мјунг, Лидерот на јужнокорејска опозициска Демократска партија, бил итно пренесен во болница откако непознат маж утринава го избодел за време на прес со новинарите.

Непознат маж му пришол на Ли и го прободел на левата страна од вратот, објави новинската агенција Јонхап, а Напаѓачот брзо бил совладан и уапсен.

Agria

Видеа од громорозниот настан се споделени на социјалните мрежи и покажуваат дека Ли е опкружен со толпа новинари пред човекот ненадејно да скокне кон него со нож.

На неколку фотографии кои го обиколија интернетот, се гледа како политичарот лежи на земја со затворени очи, а луѓето околу него му притискаат крпа на вратот.

Состојбата на лидерот на опозициската партија не беше веднаш јасна. Според Јонхап, Ли останал при свест, но крварењето продолжило додека бил однесен во болница околу 20 минути по нападот.

Moжеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: