По минатонеделните немили сцени во ракометната кадетска лига помеѓу Борец и КЛ7 Свети Николе, оваа недела продолжија натпреварите од кадетската лига. Дерби натпреварот во кадетската лига група А помеѓу Борец и Младост од Богданци го добија гостите со резултат 24:27.
Првиот дел од натпреварот помина во изедначена игра на двете екипи и со чести промени на водството. Сепак во финишот на полувремето гостите беа посконцентрирани заминаа на одмор со предност од еден гол. Во првите минути од вториот дел гостите ја зголемија предноста на плус четири, предност која знаеја да ја зачуваат до крајот на натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај домаќините беше Табаков со 10 постигнати погодоци, додека велешани немаа решение за Стојан Наумовски кој постигна исто така 10 погодоци.
Целиот натпревар можете да го погледнете овде.
Можеби ќе ве интересира: