Футсал екипата на Кеги Моби загуби вечерва со 0:3 во дербито од 5. коло на Првата футсал лига од актуелниот шампион и учесник во завршната фаза во Лигата на шампионите, тимот на скопски Шкупи. Иако постоеше голема желба за добар резултат кај домашните футсал играчи, сепак искуството на гостите пресуди за победникот на пвпј натпревар.
Кеи Моби уште од стартот на натпреварот му го препушти поседот на топката на противникот, а преку брзи контри се обидуваше да биде опасен по голот на одличниот гостински голман Стојановски. И кога се чинеше дека домашните се ослободија од почетниот грч и почнаа да создаваат шанси, Шкупи дојде во водство. Мало невнимание кај одбраната на Кеги Моби во играта еден на еден беше доволно Фазлиу во 14. минута со шут од дистанца да го совлада Сашко Паунов.
Со минимална предност од 1:0 се отиде и на одмор, резултат кој даваше надеж дека Кеги Моби ќе притисне за да изедначи. Така и беше, но одличните комбинации на велешани или немаа ефективна завршница или голманот Стојановски одлично ги читаше прецизните шутеви. И гока шансите не се користат стигна казната, кога во период од само две минути, Шкупи ги реши дилемите околу победникот на овој натпревар.
Прво во 26. минута повторно невнимание во играта еден на еден кај домашните и Петровиќ со шут надвор од деветте метри, постигна втор гол за својата екипа, а две минути подоцна, по една добра акција на гостите, во која имаше и сомнителна ситуација и недосуден прекршок за Кеги Моби, Агуши ги постави конечните 3:0 за Шкупи.
Но, домаќините не се откажуваа и продолжија со добрата игра, но и со лошата реализација. Голем пех за нив беше повредата на Костадиновски, кој со секое влегување внесуваше живост во играта на велешани, па до крајот не успеаја да постигнат ниту почесен погодок.
По пет кола Шкупи има исто максимален ефект и се наоѓа на врвот на табелата, додека Кеги Моби сега има скор од една победа, две нерешени средби и два порази. Во следното коло, во петок, во салата Гемиџии се игра градското дерби помеѓу Кеги Моби и КМФ Велес.
Целиот натпревар можете да го погледнете на фејсбук фан страницата на КМФ Кеги Моби.
Можеби ќе ве интересира: