Фудбалерките на Борец повеќе од убедливо со 6:1 (1:1) славеше на домашен терен против Шкендија во рамки на 16 коло од Првата женска фудбалска лига.
Велешанки доминантни во целиот натпревар ја оправдаа фаворитската улога, што уште еднаш потврдија зошто се фаворити за висок пласман во Првата женска фудбалска лига. Гостите поведоа на стартот од напреварот со голот на Мустафа Хана во втората минута, а домашниот состав преку Батиниќ изедначи во 43 минута со што се замина на одмор со нерешен резултат.
Содржината продолжува под рекламата
Отпорот на гостинките беше скршен во 60 минута, кога Џинита Кицара го постигна својот прв погодок. Следуваа головите на Максимовиќ во 63 и Јовановиќ во 69 минута. Последните два погодоци беа дело на Кицара во 72 и 81 минута, со што го комплетираше својот хет-трик.
Содржината продолжува под рекламата
Можеби ќе ве интересира: