Вчера во Велес се играше второлигашки футсал. Екипата на КМФ Проект од Валандово кој дел од домашните натпревари ги одигрува во Велес во рамки на 21 коло од Втората футсал лига го совлада тимот на Мал Ајакс со резултат 6:0.
Содржината продолжува под рекламата
За домашниот тим кој е на врвот на второлигашката табела три пати стрелаше Марио Благоевски, два пати Тале Трајков а стрелец на еден погодок беше Јанев Димитар.
Содржината продолжува под рекламата
По 21 одиграни кола во второлигашката конкуренција, екипата на КМФ Проект има 57 освоени бода е пред промоција во Првата футсал лига на Македонија.
Moжеби ќе ве интересира: