(ВИДЕО) Маја Хеско: Непотизмот и партиските вработувања се заштитен знак на власта во Велес

Во последните четири години на локално и година и половина на централно владеење, во државните институции се вработува неквалитетен и непрофесионален кадар чиј единствен услов е партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ, обвини на денешната прес кандидатката наСДСМ за градоначалничка на Велес, Маја Хеско.

„Непотизмот е главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно Марко Колев единствено се грижел за задоволување на апетитите на актуелните советници, идните потенцијални советници но и други функционери на ДПМНЕ Велес не губеле време за вдомување на своите најблиски,“ изјави Хеско.

Agria

Во своето обраќање таа посочи низа примери на, како што вели, партиски и фамилијарни вработувања во јавни институции и училишта, од директори и министри до советници и нивни блиски роднини.

„Јавно прашуваме дали директорот на ЈКП Дервен Наунчев си ја вработил својата сопруга во Општина Велес? Дали министерот Зоран Љутков си ја вработил својата сестра во музејот во Велес, а за возврат на директорот на Музејот Коруновски, кој ја завршил таа работа, ни помалку ни повеќе добил поставување на неговата сопруга како директорка на основното училиште Блаже Конески?“ наведе Хеско, посочувајќи уште неколку имиња и институции во кои, според неа, се спроведувал непотизам.

Таа додаде дека „долга е листата на непотизам и фамилијарни вработувања на ДПМНЕ на чело со Марко Колев“ и оцени дека токму поради тоа, како што рече, „нема ниту еден капитален проект во Велес“.

„Бидејќи вашата цел е само вдомување на фамилиите на вашите функционери, а не и интересите на граѓаните,“ порача Хеско.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: