(ВИДЕО) Митко Јанчев: Надлежните веднаш да проверат дали „Еуроникел“ согорува забрането масло

mitko-jancev 997x485
mitko-jancev 997x485

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев побра денеска реакција од сите надлежни институции и повика веднаш да реагираат и да се испитаат наодите објавени во Филмот „Заговор против воздухот“ кој вчера го објави Истражувачката репортерска лабораторија, прв од серијалот „Редакција“.

Zito akcija 640x289px

Во него се наведува дека кавадаречката компанија Еуроникел индустри (старо Фени индустри) е еден од најголемите потрошувачи на отпадно масло од Европската Унија кое како гориво за капацитети завршува на македонскиот пазар.

Agria

– реклама –

– реклама –

„Според филмот најголем корисник е Фени индустри, односно Еуроникел индустри со потрошувачка од 2500 тони месечно. Со над 1.000 вработени, менаџментот на компанијата има обврска да се грижи за тие вработени и нивните семејства, но и за сите граѓани на градот. Затоа компанијата треба да преиспита со кој работи и од кој набавува гориво и да ги заштити луѓето. Надлежните институции пак да го испитаат случајот целосно. Ако тоа не се случи јас ќе свикам Совет и ќе донесме одлука што понатаму, вели Јанчев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: