(ВИДЕО) Мутираниот вирус веројатно го има во Македонија

coronavirus

Новата мутација на коронавирусот веројатно ја има и во Македонија, вели токсикологот Нико Беќаровски за ТВ 24. Новомутираниот вирус може подолго време да опстане во организмот и повеќе луѓе да заразува, но нема потреба од паника, бидејќи секој вирус мутира, вели докторот. 

Zito akcija 640x289px

„Тие се тие редовни мутации. Оваа мутација не е од сега. Ние сега ја гледаме само клиничката манифестација. Се смета дека некаде околу 4 000 мутации веќе се случиле внатре во тоа прераспределување од кои што некои стануваат појаки од оригиналниот како што е во овој случај и таа постепено веќе станува доминантна. Значи оваа мутација сега што ја гледаме наверојатно се појавила некаде во август – септември, затоа што треба и  доволно долг период да се избори со веќе постојниот вирус  за да стане доминантна.“ – вели д-р Нико Беќаровски – токсиколог.

Agria

Мутации на вирусот се потврдени и кај нас во лабораториите на МАНУ, вели министерот за здравство Филипче, но засега нема податоци дека вакцината против КОВИД нема да штити и од оваа мутација. 

„И кај нас во нашите анализи кои што ги правеше лабораторијата во МАНУ имаше констатирано некои мали мутации. Оваа мутација која што е откриена во Велика Британија е мутација во повеќе делови на структурата на вирусот. Засега тие сознанија што ги имаме е дека нема никаква улога во одонос на ефикасноста на вакцината. Можеби има дополнителни испитувања кои што се прават. Мислам дека е се уште рано за некаква констатација во однос на тоа дали треба или не треба дополнителна фомра на вакцина, засега сметам дека не треба.“ – изјави Филипче.

Шефот на германското фармацевтско претпријатие „Бионтек“ пак, очекува нивната вакцина да биде ефикасна и против новата мутација. Вакцината досега е тестирана против 20тина различни варијации на вирусот и кај сите предизвикала одговор на имунолошкиот систем. 

Но, дали тоа важи и за најновата верзија на коронавирусот, ќе се докаже во периодот што следи. Од фирмата „Бионтек“ велат дека за шест недели можат да развијат вакцина и против мутацијата на коронавирусот, која се шири низ Велика Британија.

„Научно, многу е веројатно дека имунолошкиот одговор од оваа вакцина може да се справи и со новата варијанта на вирусот. Но, доколку е потребно, можеме директно да започнеме да создадеме вакцина која целосно ја имитира оваа нова мутација, технички во рок од шест недели.“ – изјави Угур Сахин – Коосновач на BioNTech.

А, првите вакцини против КОВИД 19, Македонија ќе ги добие како донација од Бугарија во јануари, ова се ова се очекувањата на министерот Филипче по денешната средба со бугарските власти. Бугарија од секоја нивна пратка на вакцини кои ги набавуваат директно од производителите ќе донира и за нашава земја. 

Вакцини ќе се набавуваат и преку Ковакс системот, но и со директни преговори за набавка од „Фајзер“ и „Астра Зенека“. Според најавите на Филипче, вакцините на „Фајзер“ треба да стигнат во втората половина на наредната година, додека од „Астра Зенека“ се уште се чека одговор. 

Вакцината против ковид-19 во Македонија нема да биде задолжителна и граѓаните сами ќе одлучат дали ќе се вакцинираат или не. Предност за вакцинација ќе имаат здравствените работници, хронично болните и постарите лица.

Извор: Телевизија 24

Новинар: Ивана Стојкова

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16848/video-zapleneti-heroin-i-kokain-priveden-diler/