(ВИДЕО) Небојша Бреџан дебитираше со реми на клупата на ЖФК Борец

Фудбалерките на Борец и во четвртиот натпревар на домашен терен не успеааја да победат. Во дерби натпреварот од Првата женска фудбалска лига, тие ремизира против екипата на Љуботен со резултат 1:1.

Zito akcija 640x289px

Гостинките од Тетово беа подобар противник во текот на целиот натпревар. Имаа иницијатива, ја контролираа играта, додека велешанки се обидуваа да дојдат до голот на противникот прку контранапади. Први во водство дојдоа гостинките преку Лизкано Марија во 21 минута.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел фудбалерките на Борец тргнаа поофанзивно кон голот на Љуботен. Како резултат на таа игра дојде и израмнувањето. По една нафрлена топка од Шемсовиќ во шеснаесетникот на Љуботен, Досуму биеше со глава за израмнување на резултатот.

Содржината продолжува под рекламата

До крајот на натпреварот гостинките се обидува да постигнат погодок, но нивните акции беа јалови. По осум одиграни кола, Борец се наоѓа на петото место со освоени 15 бода.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25245/pravoslavnite-verniczi-go-slavat-sveti-arhangel-mihail/