Нашиот автомобил се наоѓа на автопат и можеме да одиме само напред, а тоа подразбира подобра иднина, европски интегритет, подобар живот за сите наши сограѓани, повисоки плати и пензии, подобри услови за развој на државата, порача денеска кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Ненад Коциќ, во своето завршно обраќање до граѓаните.
„Не сакаме да владееме, туку да управуваме со државата, не да злоупотребуваме, туку да ја водиме државата кон подобра иднина. Цврсто стојам зад програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“, затоа што знам дека тоа се вистинските луѓе, кои што ќе донесат напредок за државата3, рече Коциќ.
Тој ги повика гласачите да гласаат за СДСМ и коалицијата „Можеме“ за, како што рече, да се спречи враќањето на режимот, кое според Коциќ, е возење на автопат наназад, што е забрането. Затоа, рече Коциќ, одберете просперитетна и напредна опција.
Можеби ќе ве интересира: