(Видео) Паднаа првите жртви за тунелот во „Идризово“, суспендирани неколкумина вработени оти го помогнале копањето, пишува Макфакс

zatvor Idrizovo
zatvor Idrizovo

За ископаниот тунел во дворот на затворот „Идризово“ има суспендирани, уверува новиот директор на казнено-поправната установа, Зоран Јовановски, за „Макфас“. Кои вработени се суспендирани и колкумина се најавува дека ќе открие откога ќе биде поднесен обвинителниот акт.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Има суспендирани, но не можам да кажам колкумина се ниту, пак, какви било други детали. Истрагата е во тек, се работи на расчистување на случајот. Набргу очекуваме и обвинителен акт, но да почекаме да завршат постапките“, вели директорот Јовановски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Тој во интервју за „Макфакс“ беше прашан дали затворениците ќе избегале ако не се појавеле подземни води, поради кои, неофицијално, копањето запрело.

унелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а од МВР известија дека знаеле за него два месеца претходно. Во копањето учествувале најмалку осуммина затвореници осудени за сериозни кривични дела, со казни од 10 години до доживотен затвор. Долг е 40 метри, осветлен и заштитен од уривање со потпори.

Води кон високата заштитна ограда, а лоциран е веднаш до објект што се користел за складирање јаглен во дворот. Затворските работници, иако имале индиции дека има сомнително движење на осудениците околу помошните простории, тунелот го откриле кога почнале подготовка за уривање на помошните простории, меѓу кои и онаа за складирање јаглен.

Извор на веста: Макфакс

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: